Ќерката на поп ѕвездата Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ, се повлече од социјалните мрежи, а Карлеуша откри што и кажала за тоа Атина Тошиќ. Атина беше многу популарна на Инстаграм и Ток Ток, каде имаше по неколку стотици илјади следбеници, беше многу активна, но неодамна ги избриша сите социјални мрежи.
Јелена (не)откри зошто нејзината наследничка ги избришала сите претходни содржини на социјалните мрежи, а откри што и рекла нејзината ќерка кога ја прашала.
-„Ја прашав“, а таа ми рече: „А зошто да не?“. „Мамина ќерка“, одговорила Јелена.
Потоа Карлеуша опиша како изгледа нејзиниот ден со ќерките Атина и Ника Тошиќ.
„Стануваат во 7. 30, појадуваат, имаат возач кој ги вози до училиште, некогаш ги возам јас, и така им почнува денот. Тие одат на училиште, а за мене почнуваат милион обврски поврзани со мојата кариера. Потоа се враќаат од учишиште, а јас максимално се трудам да ги извршувам домашните задачи со нив и да им помагам во учењето. Заедно гледаме филмови, одиме на убави места, патуваме. Тоа е мојата улога на мајка“ – раскажа пејачката.
фото:принтскрин/инстаграм/karleusastar