Познатата српска писателка Исидора Бјелица и нејзиниот сопруг, драмскиот писател Небојша Пајкиќ, имаат голема причина да слават затоа што нивната ќерка Вила Евангелина стана бруцош.
– Бесконечно горд што мојата Вила запиша факултет! – напиша под фотографијата со својата сестра Лав Пајкиќ, синот на Исидора и Небојша, познат по телевизиското шоу на „Пинк“, „Контравизија“.
– Ве сака мама и двајцата! – одговори Бјелица која потоа истата фотографија ја објави на својот Инстаграм профил.
Исидора во една прилика истакна дека нејзината ќерка е панк-девојка и дека „живеењето со тинејџерка воопшто не е лесно“.
Вила од неодамна е русокоса и има специфичен стил.