Џина Џиновиќ (17), ќерката на пејачот Харис Џиновиќ и дизајнерката Мелина Џиновиќ е активна на социјалните мрежи.
Таа со својот атрактивен изглед го привлекува вниманието, па има голем број следбеници како на Инстаграм така и на „Тик ток“.
Имено, наследничката на популарниот пар речиси секојдневно објавува фотографии на социјалните мрежи, а често позира разголено и заводливо.
Овојпат, Џина своите облини ги покажа во бели панталони, додека градите ги покри со марама.
„Од денес го менувам стилот“, напиша таа во описот на фотогорафијата.
Објавата за краток период достигна илјадници лајкови, а нејзините следбеници ја опсипаа со позитивни коментари.