Радио Милева
тинејџерка убавица

Ќерката на Џулија Робертс првпат се појави на црвен килим и ги собра сите погледи (фото)

Ќерката на Џулија Робертс првпат се појави на црвен килим и ги собра сите погледи (фото)

Ќерката на Џулија Робертс се појави на црвениот килим на фестивалот во Кан и го привлече вниманието.

Американската ѕвезда Џулија Роберст и снимтелот Даниел Модер познати се како еден од најскладните холивудски парови, а во брак се речиси две децении и имаат три деца.

Даниел се појави на филмскиот фестивал по повод премиера на филмот „Flag day“ на кој работеше како директор на фотографија.

Тој се појави во друштво на неговата шеснаесет годишна ќерка Хејзел.

Ова беше прво нејзино појавување на црвениот килим и привлекла огромно внимание.

Таа за ова прилика се одлучила за едноставна комбинација, соодветна за една тинејџерка. Хејзел носела кошула-фустан во жолта боја, во комбинација со лакирани црни чевли.

Интересно е да се види како изгледа Хејзел, а се чини дека таа е совршен микс од своите родители – иако во ликот повеќе наликува на својот татко, ставот и држењето на оваа русокоса девојка се точен одраз на нејзината мајка.

Инаку, Џулија се заљуби во Даниел на сетот на филмот „Тhe Mexican“ во 2000 година.

Тој тогаш бил во брак со Вера Стемберг, а Џулија била во врска со Бенџамин Брат.

Парот неодамна ја прослави својата 19 годишнина од бракот.

фото:EPA-EFE/Iаn Langsdon/Matt Baron / Shutterstock Editorial / Profimedиа

Останати вести од Радио Милева