6-годишната ќерка на познатиот Џими Фелон, Вини Роуз, направи една смешка за време на неодамнешната епизода на “The Tonight Show: At Home Edition“ на која гостинка му беше славната холивудска актерка Хали Бери.
Додека нејзиниот татко зборуваше со актерката за тоа како изгледа социјалното дистанцирање за нејзиното семејство, Вини го преќина интервјуто додека Хали раскажуваше приказна за нејзината 12-годишна ќерка Нахла. Секако, Вини го темпираше ова токму навреме.
Од позади екранот на Џими, гледачите слушаат „тато?“ пред тој да забележи и да се насмее. Како мајка на три деца, Хали се справи со слаткиот прекин како професионалец, дури и истакна дека таа и Вини носат многу слични фустани. Откако наеднаш замина, Хали продолжи да ја раскажува својата приказна за косата на Нахла, но не помина многу време додека Вини се врати велејќи: „Здраво, повторно!
Ова не е првпат девојките на Џими да не изненадат и насмеат. Вини го има прекинато во еден од неговите монолози.