Композиторот и членот на жирито во „Ѕвездите на Гранд“, Драган Стојковиќ Босанац пред три дена беше опериран на Институтот за кардиоваскуларни болести.
По тој повод членовите на неговото семејство не се огласуваа се до вчера кога се огласи и неговата ќерка Џиџа.
„Вчера со мајка ми Дуња и брат ми Александар го посетивме тато“ вели Џиџа за „Српски телеграф“ и додава:
„Тој е добро, добро се чувствува. Како и секоја ќерка, се грижев, иако станува збор само за рутинска операција. Утре треба да излезе од болницата и мора многу да внимава. Се надевам дека здравјето ќе му биде на право место“ вели Џиџа.