Ќерката на починатиот музичар се омажи во Америка со својот долгогодишен партнер.
Ела Дворник и нејзиното помладо момче, Чарлс Пирс веќе пет години уживаат во нивната љубов.
Парот заедно има ќерка, а сега нивната љубов ја крунисаа со брак и тоа во Лас Вегас.
„Кога се запознавме со Чарлс, сакаше да ме однесе во Вегас и таму да ме ожени. Тогаш немав виза, но сега добив. Има ли подобар начин овој крај да се прослави со нов среќен почеток. Три години се обидуваме да организираме венчавка, а со оглед на тоа што нашите родители се на две различни страни на Европа, навистина беше тешко. Затоа направивме онака како е најдобро. Еве не, официјално венчани“ објави Ела на социјалните мрежи.
Откако објави дека официјално е сопруга на Чарли, таа посвети и емотивна порака посветена на нејзинот татко.
„Драг тато, ако го гледаш ова,ми недостигаш. Не грижи се, имам кој ме сака и ме чува. Среќен роденден на мојата мајка, твојата сопруга. Ми недостига моето семејство, но не те заборавам. Се надевам дека ти оди добро, би сакала да си тука. Ќе се сретнеме во другиот живот“ напиша Дворник.