Кон крајот на јули претходната година, новинарката и водителката, Анастасија Деа Богдановска се реализираше за првпат во улогата на мајка.
Анастасија и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски – Бетмен станаа родители на ќерка за која го одбраа името Дениција.
Деа не е од оние јавни личности кои не ги покажуваат децата во јавност. Напротив, таа редовно објавува фотографии од наследничката посветувајќи и емотивни пораки.
Некогаш знае да сподели фотка од малата Дениција, а некогаш знае да се пофали што рачно направила за новиот член на семејството.
Деновиве, малата Дениција наполни шест месеци. По тој повод мама Анастасија објави фотографија од ќеркичката која позира во тренерчиња и со рокерска фризура.
„Шест месeци наша рок ѕвезда за цел живот. На шест месеци веќе имаш бебе кое покажува карактер. Фризурата ни е Rock and roll од раѓање“, напиша Анастасија покрај фотографијата.
Ќе се согласите дека малата Дениција изгледа преслатко.