Ќерката на холивудскиот актер Алек Болдвин, Ајрланд Болдвин откри дека страда од тешка анксиозност за време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот.
Моделот откри дека нејзината анксиозност е многу полоша среде карантин и дека со својот ментален проблем се соочува секоја ноќ додека е во самоизолација.
Ајранд најави дека секој ден ќе снима Инстаграм лајв во кој ќе зборува за менталното здравје, а потоа откри дека тоа и се случува бидејќи има проблеми со тежок облик на анксиозност.
„ „Забележав дека последните неколку ноќи мојата анскиозност многу се зголеми и дека значајно се влоши“, изјави Ајрланд.
„Баш силно ме погоди вчеравечер и се обидов да најдам решение на интернет за мојата анксиозност“, додаде таа.
Подоцна, разговараше со една личчност која пати од депресија и меѓу следбенците праша дали има и други кои се борат со оваа болест, а многумина дадоа позитивен одговор.