Македонскиот поп пејач кој е познат по двете победи на Макфест, првата со песната „Ангели и демони“, а вторпат со дуетската песна со Анабела Атијас „Од утре до вечер“, ќе стане татко.
На почетокот на годината, поп пејачот се сврши со својата сакана, а на 11 јули ја крунисаа љубовта со брак.
За свадбата тој објави фотографија на социјалните мрежи и напиша „Господин и госпоѓа Илиеви“.
А сега пејачот на својот Инстаграм профил обајви фотографија на која се гледа трудничкото стомаче на сопругата.
Зоран и Анѓелка за првпат ќе станат родители, а еве како изгледа идната мама.
фото:принтскрин/инстаграм