Радио Милева Ќе трае долго

Ќе се влечат по судови: Српската пејачка за Саша Поповиќ – „Повлеков нога, и други колеги покренаа тужби против него!“

Ќе се влечат по судови: Српската пејачка за Саша Поповиќ – „Повлеков нога, и други колеги покренаа тужби против него!“

Пејачката Елма Синановиќ по долга медиумска пауза се врати на сцената со нова песна.

Пејачката поднела и кривична пријава против директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ за кражба и кривично дело затајување данок во нејзиниот случај, а тврди дека нема да се откаже од судска постапка.

-Ќе трае тоа уште долго. Не се откажувам, сметам дека правдата треба да биде задоволена. Што ќе постигнам и колку, не можам да знам. Она што е до мене, ќе се потрудам да дојде на свое. Забележав дека и неколку мои колеги покренаа тужба против него, изгледа повлеков нога, изјавила Елма.

Таа додава дека има многу неправди на естрадата, но една едиствена и била нанесена од Саша Поповиќ.

-Издадов три албуми за неговата продукциска куќа, ни денар не добив. Од дигиталните платформи се ми зема, како на бизнисмен му се восхитувам, но како човек ми се гади, вели пејачката.

To top