Радио Милева слава и пари - никогаш доста

Ќе се снима филм или ТВ серија за „Ѕвездите на Гранд“?

Ќе се снима филм или ТВ серија за „Ѕвездите на Гранд“?

>Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ важат за еден од најскладните брачни двојки на естрадата.Тие се голема поддршка и инспирација еден на друг, а пејачката не крие дека често му дава идеи на партнерот кога е работата во прашање.

Иако Поповиќ е „вистински волшебник“ во својата работа, секогаш добро му доаѓаат предлогзите на неговата понежна половина.

Со оглед на тоа што жирито на „Ѕвездите на Гранд“ прави вистинско шоу од музичкиот  натпревар на таленти, Сузана му предложи на Саша да сними филм за тој жири состав, каде главни актери всушност ќе бидат пејачите, а не актери.

„Му дадов идеја да направи филм или серија за жирито на „Ѕвездите на Гранд“ и за случувањата на и зад сцената, пред и зад камерите.Но, актери да бидат пејачите, а не актерите да се мешаат во улогите. Му кажав дека кога ќе има време да се посвети, да размисли да напише навистина добро сценарио или да најми добар сценарист.Верувајте, тоа би било најгледаното нешто во земјава“ – изјавила Сузана Јовановиќ за „Гранд онлајн“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda)

Фото: Инстаграм принтскрин/suzana__jovanovic__fp/zvezdegranda

To top