Победничката на реалното шоу „Задруга“, Киа Коцкар е во кавга со Јелена Карлеуша која удри по неа затоа што стана популарна благодарение на реално шоу.
Киа досега остана нема на сите коментари, но во последното интервју прозбори за Јеца и за нејзиниот стил.
„Не знам дали е модна икона бидејќи има модни промашувања, но сите ги имаме, никој не е совршен“, вели Јелена за Свет и додава:
„Јас немам стилисти, сама ја бирам облеката која ми се допаѓа. Симпатична ми беше комбинацијата со двата пениси (модна комбинација која Јелена Карлеуша ја носеше во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“), но јас тоа никогаш не би го носела, вели Коцкар, а потоа прозбори за шпекулациите дека таа ќе го замени Аца Лукас во „Ѕвездите на Гранд“.
„Не знам дали ќе можам да го заменам, јас ќе бидам своја. Повеќе сум за „Јас имам талент“ или „Твоето лице звучи познато“, но ако бидам дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“; ќе се снајдам, вели Коцкар.