Радио Милева Урнебесно

Ќе се насмеете до солзи од анегдотата која Сашко Коцев ја кажа од секојдневието со ќерката Јоана

Ќе се насмеете до солзи од анегдотата која Сашко Коцев ја кажа од секојдневието со ќерката Јоана

Пред неколку дена по двегодишна пауза поради корона пандемијата се одржа 25-то издание на манифестацијата „Златна бубамара“, а вчеравечер и премиерно на Канал 5 телевизија беше прикажана за оние кои не беа непосредно присутни.

Главниот човек на вечерта- домаќинот Сашко Коцев, кој за многумина години наназад е фокусот на настанот, очекувано преку сценариото и импровизациите ги изнасмеа сите – шеги за кои сигурно ќе се прераскажува уште доллго.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zlatna Buba Mara (@zlatnabubamara)

Но, пред стартот на телевизиското емитување, претходеше шоуто на Жарко Димитриески, „Еден на Еден“, каде не случајно гостин беше токму Сашко Коцев.

Од разговорот во студиото, Коцев кажа многу анегдоти од секојдневието во врска со тоа како реагираат луѓето кога го среќаваат на улица и во разни околности.

Па така, една од случките беше таа кога биле на некое патување со сопругата Смиљана и на автопат виделе превртен автомобил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Saško Kocev (@sashko_kocev)

Сашко го запрел возилото и истрчал да помогне и го прашал господинот дали е добро – реакција актерот ја памети и раскажува и денес.

„Еј Сашко Коцев!“ – гласел одговорот.(се смее).

Исто така неговата ќерка Јоана која е центарот на неговиот универзум, често умее да го насмее и да му направи да се почувствува „разоткриено“.

Имено, кога тато оди да ја земе од градинка, кога таа излегува, а другите родители се насобрани, Јоана не вика тато, туку вика по него со име и презиме „Сашко Коцев!“.

Па така, сите знаат дека популарниот татко е дојден да си ја земе наследничката.

Инаку, малата Јоана наскоро ќе наполни пет години.

фото:Фејсбук Сашко Коцев/Инстаграм/Златна Бубамара

To top