Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, ќе организира забава по повод својот 21 роденден.
Имено, Анастасија Ражнатовиќ на 30 мај во еден белградски ресторан ќе организира роденденска забава за околу 120 гости, а за истата ќе плати 10 000 евра.
Ражнатовиќ ангажирала агенција која се занимава со прослави, која ќе се грижи за организација на забавата, декорација на просторот…
„Поради обврските кои ги има околку промоцијата на „Ране“, Анастасија се одлучи да ангажира агенција. Им даде инструкции како да изгледа гала вечерта. Декорацијата ќе биде во стилот на италијанските гламурозни прослави. Ќе преовладуваат бело – розови декорации, а на секој стол ќе има цвеќе. Ја има поддршката од нејзината мајка Цеца. Се шпекулира дека прославата ќе чини околу 10 000 евра“ вели извор за „Ало“.
Вереницата на Вељко, Богдана и Анастасија се добри пријателки, па така идната сопруга на нејзиниот брат и порачала дека е тука ако и треба помош.
А дали Цеца ќе учествува во плаќањето или тоа ќе го направи Анастасија од свои заработени пари не знаеме, но едно е сигурно: се ќе биде беспрекорно, како и досега кога Ражнатовиќ организирале нешто.