Радио Милева

Ќе останете маѓепсани: Велигденската декорација на Јелена Карлеуша е како од „Алиса во земјата на чудата“ (фото)

Ќе останете маѓепсани: Велигденската декорација на Јелена Карлеуша е како од „Алиса во земјата на чудата“ (фото)

Пејачката Јелена Карлеуша им зададе домашната задача на сите јавни личности кога станува збор за украсување за Велигден кој се празнува во нејзиното семејство, иако самата таа е атеист.

Поради убавото време надвор, градината ја искористија да ја постават велигденската трпеза таму и да уживаат во зеленилото и магичниот амбиент.

фото:принтскрин/инстаграм

Јелена со помош на ќерките Атина и на Ника украсувале заедно и направиле да изгледа како од филмот „Алиса во земјата на чудата“.

Поставија украси од зајачиња, јагниња, а цвеќињата што веќе ги одгледуваат допринеле за дополнителна убавина на просторот.

фото:принтскрин/инстаграм

На снимката се појавува и сопругот на Јелена, фудбалерот Душко Тошиќ, а интересно е што овој пат ќерката Ника не плачела откако се кршеле со јајцата, како што беше случај претходните години кога беше помала.

To top