Радио Милева
На нова фреквенција или...?

„Ќе ми фалите…“: Билјана Дебарлиева го направи своето последно појавување пред камери

„Ќе ми фалите…“: Билјана Дебарлиева го направи своето последно појавување пред камери

Познатата ТВ водителка и презентерка Билјана Дебарлиева преку социјалните мрежи ја извести јавноста и следбениците дека по 11 години работа во Канал 5 телевизија повеќе нема да се појавува пред камери на таа фреквенција.

Дали ова е крај како медиумски работник и време за некои нови работни предизвици, Дебарлива не откри, но сакаше да се заблагодари јавно на колегите за долгогодишната соработка.

-Денеска беше моето последно појавување на фрекфенцијата на Канал 5 ТВ, медиум кој ми ја даде довербата во изминативе 11 години. Ви благодарам за досегашната соработка, а благодарност и до Вас драги колеги за сите убави зборови, насмевки, шеги и уживањето во утринскиот ритуал на пиење кафе. До нешто следно… ќе ми фалите, пишува Билјана, а во прилог објави два фотографи, една од студиото за вести и другата од дескот со колегите.

Во изминатите 11 години Дебарлиева ги презентираше вестите, еден период беше дел и од утринската програма, а цели осум години ја водеше емисијата за здравство „Визита“.

Пред да работи во телевизијата од која сега се збогува, Билјана беше препознатливо лице од утринската програма на накогашната А1 телевизија, водеше утринска програма, „Бебе магазин“…

Инаку, Дебарлива има три децении медиумсско искуство зад себе, а првпат пред камери се појавува во далечната 1993 година на Македонската телевизија.

фото:Instagram/Facebook/Билјана Дебарлиева

Останати вести од Радио Милева