Радио Милева Нема да прогледа низ прсти

„Ќе летаат тужби“:Теа Таировиќ револтирана по веста за апсењето на аеродром во Германија (фото)

„Ќе летаат тужби“:Теа Таировиќ револтирана по веста за апсењето на аеродром во Германија (фото)

Пејачката Теа Таировиќ наводно била уапсена на аеродромот во Хамбург, по неколкучасовно испрашување а потоа била пуштена на слобода. Ова го потврди и нејзиниот менаџер Никола Бојовиќ Бриџис, но таа подоцна преку Инстаграм реши да ја негира оваа ситуација и да ги обвини српките новинари за измислена вест.

-Така е, ја пуштија. Како што кажав, таа надмина престој три дена во Шенген зоната, па ја задржаа. Нејзиниот пасош е многу пополнет бидејќи многу патува и работи и затоа постапката траела подолго. Пред две недели дојде догрешка, кога ѝ беа истечени 90-те дена. Се слушнавме, таа е добро и сега се е ок, изјави менаџерот.

Како што рекле очевидци, таа била многу исплашена и вознемирена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

Кај неа наводно била пронајдена одредена сума пари, наводно 70.000 евра, а нејзиниот менаџер рекол дека не се работи за финансиски прекршок.

Како што ексклузивно дознава и пишува ПИНК.РС, пејачката Теа Таировиќ била приведена на аеродромот во Германија од финансискиот инспекторат. Таа сега тоа го објави на социјалната мрежа Инстаграм и изјави дека не била уапсена, ниту приведена, туку дека се случила „мала, непријатна ситуација“.

Но, Теа во својата објава никаде не ја споменува причината поради која имала „работа“ со надлежните органи, туку се фокусира на тоа дека не била лишена од слобода.

Според Таировиќ, ситуацијата на аеродромот била целосно безопасна и наводно може да му се случи на секој што многу патува.

Теа сега има намера да ги тужи новинарите за објавата и овој пат нема да им прогледа низ прсти.

фото:Инстаграм Теа Таировиќ/принтскрин

To top