Радио Милева супер мама

Ќе ја познаете ли оваа дама – нејзините ќерки се познати пејачки и македонски музички ѕвезди? (ФОТО+ВИДЕО)

Ќе ја познаете ли оваа дама – нејзините ќерки се познати пејачки и македонски музички ѕвезди? (ФОТО+ВИДЕО)

Таа е дел од македонската музичка историја. Како и целото нејзино семејство впрочем, особено двете нејзини ќерки, кои денес се познати пејачки и македонски музички ѕвезди,  па дури и пошироко – регионални!

Фотографијата е направена во далечната 1974 година на фестивалот на забавни мелодии „Скопје 74“. Таму таа настапувала како членка на тогаш многу популарниот вокален квартет „Импулси“, чиј иницијатор за негово основање во 1969 година бил бардот на македонската забавна и џез музика, Драган Ѓаконовски – Шпато.

Токму со „Импулси“, Шпато остварува исклучително плодна творешка активност внесувајќи нов здив во македонската поп и џез – музика, а во него меѓу останатите членувале низа легендарни македонски музички имиња како композиторот и музички новинар Ванчо Димитров… и секако таа, мајката на Тамара и Тијана, мама Брана!

Како изгледаше мама Брана во таа далечна 1974 година на „Скопскиот фестивал“ себе си и останатите ги потсети токму Тамара постирајќи фотографија од тоа време на своите Инстаграм приказни.

Како пејат Тамара и Тијана знаат и врапчињата. Ние, сите оние што го паметат тоа време ќе ги потсетиме, а оние што не биле родени или биле многу мали ќе ги запознаеме со тоа да видат како изгледала мама Брана во младоста, ама и да слушнат како пеела!

To top