Радио Милева

Ќе и дадете ли 45 години? Македонка „растури“ во „Никогаш не е доцна“

Ќе и дадете ли 45 години? Македонка „растури“ во „Никогаш не е доцна“

Во емисијата „Никогаш не е доцна“, имаме прилика да гледаме и македонски натпреварувачи за кои не е доцна да го покажат својот талент.

Претходната сезона ја одбележи  90 – годишната Добрила Ивановска Чабриќ од Дојран која со својата виталност и енергија го воодушеви регионот, но и победи во музичкото шоу.

Во последната емисија на музичкото шоу настапуваше и 45 годиншната Милена Јовановска од Прилип. Таа истакна дека од мала сакала да пее и дека има завршено средно музичко образование.

Инаку, Милена е самохрана мајка на својот единаесет годишен син.

Во „Никогаш не е доцна“ ја изведе песната „Да је слаџе заспати“ од Даниела Мартиновиќ. Во црно фустанче и одличен мејкап Милена изгледа многу помладо и изгледа како девојче.

Уште на самиот почеток на изведбата таа доби аплауз од публиката, а жирито имаше само пофални зборови.

„Секако дека ви оди во животот и допрва ќе ви оди по гостувањето во оваа емисија“ изјави Сања Кужет која беше во емисијата.

Биља Крстиќ која исто така беше дел од жирито истакна дека Милена успеала да ги допре нивните срца.

„Многу ми се допаѓа што сте од Прилеп. Во Прилеп е роден најголемиот гитарист на сите времиња, Влатко Стефановски. Јас сакам Милена да дојде на мојот роденден на 9 ноември во „Комбак Арена“, да биде мој гост. Јас имам концерт, а Влатко Стефановски ќе ми биде еден од гостите на концертот“, изјави Биља.

foto:printscreen

To top