Денес него го познава целиот свет. Како и не би, кога е најдобар… број еден! Национална гордост на нашиот северен сосед, но и на целиот Балкан. Веројатно некои и го знаат разговорот кое малиот тогаш седумгодишен тениски талент го имаше во една од емисиите за деца на националната РТС, кога изјавил дека целта му е „да биде првак“.
Тениски ас, чиј детски сон години подоцна самиот ќе го претвори во јаве, се разбира, со многу вежбање, напорна работа, тренинг, откажувања и по малку спортска среќа…
Но тенискиот рекет број 1 во светот со белиот спорт се запознал уште многу порано, кога почнал да тренира и за прв пат го фатил рекетот в раце.
Имено српски Курир за прв пат објави ексклузивни видеоснимки од тениски почетоци на нивната национална гордост Новак Ѓоковиќ. Вака изгледал тогаш малиот ас на 4 – годишна возраст на еден од првите тренинзи, видео кој доволно зборува за каков шампион се работело.
Во продолжение на видеото потоа следува и извадок од споменатото интервју на Ноле на РТС1 на 7 годишна возраст, а сето ова можете да го погледнете во продолжение:
Фото и видео: Курир.рс инстаграм/принтскрин