Кон крајот на септември започна новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Се уште се емитува првиот круг, а во претходните емисии имавме прилика да видиме неколку македонски претставници кои одлично се претставија.
Во последната емисија која се одржа во сабота, настапуваше и Ангел Јовевски од Радовиш.
Тој ги отпеја песните „Моја драга“ од Здравко Чолиќ и „Танана“ од Жељко Јоксимовиќ.
На крајот доби два гласа од жирито, од Марија Шерифовиќ и Џорџе Давид. Тој за ментор ја одбра Марија.
Како Марија ќе го подготви Ангел за следниот круг, останува да видиме.
https://www.youtube.com/watch?v=Usf0Tqy7zKc
За потсетување, Огнен Здравкоски исто така ја одбра Шерифовиќ за свој ментор.