Радио Милева вербален двобој...

Ќе биде жешко и жестоко: Станија и Кристијан вечерва ќе имаат средба лице в лице, ама ниту на суд, ниту во „Задруга 4“ (ФОТО)

Ќе биде жешко и жестоко: Станија и Кристијан вечерва ќе имаат средба лице в лице, ама ниту на суд, ниту во „Задруга 4“ (ФОТО)

Најактуелната приказна во последните неколку месеци нема да го добие својот епилог на суд како што беше планирано, ниту пак во реалното шоу „Задруга 4“, туку  на сосема трето место.

Кристијан Голубовиќ и Станија Добројевиќ за прв пат ќе се сретнат лице в лице по вербалниот конфликт што беше проследен со брутални закани, расправии, па дури и кривични пријави. Место на за кажаната „вербална пресметка“ е емисијата „Ами Џи шоу“, чиј уредник и водител е Огњен Амиџиќ.

Нема сомнение дека најпопуларниот српски водител ќе биде одличен медијатор и дека во својата емисија ќе се обиде да ги смири некогаш добрите пријатели, а денес завојуваните страни!

Со оглед на тоа што старлетата изјави дека поднела кривична пријава против Голубовиќ затоа што, како што тврди, и била загрозена безбедноста откако тој јавно се закани дека ќе ја убие заради спомнување на неговите деца и семејство, се чини дека Огњен Амиџиќ ќе има тешка работа, зашто ќе се најде меѓу два огна!


Како што се испостави, старлетата ќе открие сè за што молчеше за време на тивката војна што ја водеше со Голубовиќ, откако тие го прекинаа пријателството по завршувањето на „Фарма 6“, а и нема сомнение дека Кристијан ќе и остане должен на Добројевиќ.

Дали Огњен ќе може да ги смири завојуваните страни, останува да видиме вечерва во 22 часот на ТВ „Пинк“, а сите детали од „вербалниот двобој“  кај „Ами Џи“, утре во Вистина.ком.мк!

To top