Катарина Ивановска како ултра побаруван и ангажиран професионален модел и манекенка, воопшто нема проблем да покаже гола кожа. Но, кога е разголувањето во поглед на приватноста во прашање, тогаш таа резервирано го чува тоа само за себе и што е можно подалеку од очите на јавноста.
Еден таков од ретките преседани направи деновиве со објавата од својот дом.
View this post on Instagram
На споделениот фото момент на „стори“, од фокусот се нејзините дечиња Кира и Вања, но се гледа и дневниот простор каде наедно се поминува најмногу време.
Најмилите на мама гледаат цртан филм од приказните за „Биби и Боби“, а до нив е легнато и мачето. Секое дете сака пространост за игра, сака милениче, а мама Катарина го адапритала тоа за биде идеално за нив.
Стокмени и мирни пред телевизорот, а мама имаше време за себе кое го испокристи на кратко за да направи една фотка. Од приложеното може да се види дека доминира индустрискиот стил од цигла ѕидот во спој со модерното од дизајнот на ТВ комодата.
Се’ останато, останува таму, односно во приватноста од семејната оаза на манекенката и нејзините наследници.
фото:Инстаграм принтскрин/Катарина Ивановска