Радио Милева

Kим Кардашијан за шминката на Кајли Џенер: „Тоа е евтино ѓубре“

Kим Кардашијан за шминката на Кајли Џенер: „Тоа е евтино ѓубре“

Сестрите Кардашијан – Џенер си започаа сопствен бизнис, а најголемо ривалство има меѓу Ким Кардашијан и Кајли Џенер.

Кајли ја поканила нејзината сестра Ким да ја шминка и да ги покаже нејзините способности.

Ким со задоволство го прифатила повикот од нејзината сестра, а тие ова видео го искористиле за да си направат промоциии на своите производи.

фото: Принтскрин/јутуб

Кајли неодамна беше прогласена за најмлада милијардерка и се тоа благодерение на својата козметичка линија.

Кајли Козметикс достигна голем успех во светот. Сите производи се продаваат со голема брзина. Посебно и се допаднало руменилото  и моливите за очи.

Неколку години подоцна, своја козметичка линија отвори и Ким Кардашијан. Нејзината колекција го носи името ККW.

фото: Принтскрин/јутуб

Имено, во еден момент Ким не можеше да издржи и производите на нејзината помала сестра ги нарече евтино ѓубре.

На крајот од видеото Ким истакна дека сака на Инстаграм да биде популарна колку и нејзината сестра.

Инаку, младата Кајли на „Инстаграм“ има околу 158 милиони следбеници, додека Ким има помалку следбеници.

фото: Притскрин/јутуб
To top