Радио Милева во фокус

Ким Кардашијан во фустан со 50 илјади бисери: Ријалити ѕвездата ја оправда титулата за кралица на Мет Гала (фото)

Ким Кардашијан во фустан со 50 илјади бисери: Ријалити ѕвездата ја оправда титулата за кралица на Мет Гала (фото)

На синоќешната Мет Гала најочекуван гостин беше американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан. Таа се појави во креацијата на дизајнерот Даниел Ли за брендот „Skiparelli“.

Познатиот фустан за кој денес сите зборуваат беше направен од 50.000 бисери, а особено ја истакна совршената линија и тенкиот струк на старлетата.

Да потсетиме, иако во последните месеци се шпекулираше дали кланот Кардашијан на чело со Ким ќе биде поканет на Мет балот, тие со својот изглед ги демантираат бројните шпекулации на социјалните мрежи.

Оваа година старлетата за разлика од минатиот пат кога дојде во друштво на тогашното момче Пит Дејвидсон, дојде сама, што не ја спречи да го привлече вниманието на сите присутни.

Ана Винтур, уредничката на престижниот Вог, сепак ја покани Ким, а пак таа ја испочитува во присуството.

фото:EPA Images

To top