Ким Кардашијан објави твит во кој е прикажан дел од книга на Силвија Браун во која јасновитка уште во 2008-ма година го предивела коронавирусот.
„Околу 2020-та година тешка болест која наликува на воспаление на белите дробови ќе се прошири во светот, напаѓајќи ги белите дробови и бронхиите, отпорна на сите познати третмани и лекови. Тоа што ќе биде повеќе чудно од самата болест е тоа што ќе исчезне подеднакво брзо како и што ќе дојде. Ќе нападне уште еднаш после 10 години, а потоа во целост ќе исчезне“, пишува во оваа книга.
Јасновитката која починала во 2013-та година, ја предвидела болеста која се шири во светот, а ја опишала во својата книга „End of Days“, чии страници Ким Кардашијан ги сподели со јавноста.
Ова на сите им звучело слично на коронавирусот и постои можност Силвија навистина да го предвидела.