Радио Милева слободна

Ким Кардашијан се разведе од Канје Вест

Ким Кардашијан се разведе од Канје Вест

Ким Кардашијан е официјално слободна жена, пишува Page Six.

Таа вчера на судско рочиште се разведе од музичарот Канје Вест, иако некои судски процеси се уште се во тек.

Кардашијан која претходната година поднесе барање за развод од раперот, во декември побара судот да ја ослободи од бракот, но парот сега треба да го подели имотот и старателството над четирите деца.

Во првиот дел на прецесот утврдено е нејзиното име и статусот, а во вториот дел од процесот ќе се утврдува поделбата на нејзиниот имот и старателството над четирите деца.

Ким во изјава за судот кажала дека многу сака развод.

-Верувам дека судското прекинување на бракот ќе го му помогне на Канје да сфати дека нашата врска е готова, изјави Ким минатиот месец.

Бившиот пар започна да се забавува во 2012 година, а се венчаа две години подоцна.

фото: Getty Images/epa/Nina Promer

To top