Серија на фотографии со слон, снимени за време на одморот на Ким Кардашијан на островот Бали, стана повод за „пожар“ на социјалните мрежи на ѕвездата со колосална задница.
Имено, на објавените пред еден ден снимки се гледа како Ким и сопругот Канје Вест им се радуваат и се дружат со егзотичните животни за време на својот одмор.
Но последната фотографија е таа која „ги запали“ социјалните мрежи, а на неа Ким како го гушка слонот за неговата сурла. Слонот и возвратил на ист начин гушкајќи ја ријалити ѕвездата… Само што поентата на она што се гледа, а не може да се види е во тоа што сите се прашуваат: „Каде ли заврши сурлата на слонот?“
„На вистинското место!“ – беше еден од коментарите… И веројатно, со право!