Едно од најголемите изненадувања кога е во прашање убавината и стилот за годината пред нас, е трендот на т.н. бебешки шишки.
Иако кратките шишки ретко стојат на секого, тие се многу посакувани, како што потврдува и пребарувањето на Пинтерест.
Овој тренд сега е одобрен и од Ким Кардашијан и веќе не се сомневаме дека кратките шишки оваа пролет ќе бидат огромен хит.
Кардашијан на новите промотивни фотографии за нејзиниот бренд за убавина KKW, кои таа ги објави на Instagram, има прави и дебели шишки кои едвај ја допираат горната линија на веѓите.
View this post on Instagram
Фотографиите се реклама за нејзината нова линија на црвени кармини, па се сомневаме дека шишките се реални, но обожавателите на Ким, сепак, се воодушевени од нејзината трансформација.
Што и да е, сега е многу полесно да веруваме дека кратките шишки оваа година ќе бидат еден од водечките трендови.