Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг Кање Вест почнале да размислуваат за името на четвртото дете.
Во една емисија, Ким Кардашијан откри дека размислува за името Роб.
„Три од четири дена немам идејa, a потоа ќе ми текне. Искрено размислувам за името Роб“ призна Ким и вели дека името е спој од имињата на нејзиниот татко и брат, но за жал ова име не се согласува со имињата на нивните други деца.
„Тогаш би имале, Норт, Саинт, Чикаго и Роб. Едноставно не се согласуваат.Но, искрено ми се допаѓа и мојот брат го одобри тоа. Тоа е единствено име кое ми се допаѓа“ вели Кардишијан.