Во последните неколку денови се пишуваше дека Ким Кардашијан била интимна со сегашното момче на нејзината сестра Кортни.
Ким го искористи својот „Инстаграм“ профил да одговара на прашања на нејзините следбеници, а меѓу нив одговори на прашањето дали имала нешто со партнерот на Кортни, како и одговори на обвинувањата на нејзините вработени кои ја тужат поради лош однос.
„Дали беше со Травис Баркер?“, гласеше прашањето.
„Не. Ние сме пријатели со години и многу сум среќна поради Кортни“, одговори старлетата.
„Ги плаќаш ли своите вработени?“.
„Апсолутно. Ги почитувам луѓето, нивното време, работа и за жал тие вработени тужат погрешна личност. Јас ги платив продавачите, а нивна работа е да ги платат вработените. Се надевам дека ова брзо ќе се реши“, порача Кардашијан.
Имено, станува збор за ангенција преку која Ким ангажирала работници, а која била задолжена да ги плати вработените.