Радио Милева

Ким Кардашијан и Канје Вест се разведуваат!? Таа повеќе не можела да го трпи неговото однесување!

Ким Кардашијан и Канје Вест се разведуваат!? Таа повеќе не можела да го трпи неговото однесување!

Бракот на Ким Кардашијан, најпознатата ријалити ѕвезда и популарениот рапер Канје Вест, се распаѓа. Според странските медиуми, старлетата била уморна од неговото провокативно однесување, испади на љубомора и неконтролирано трошење пари, и решила да го остави.

Поточно, извор близок на Ким тврди дека нивниот брак не функционирал некое време и дека старлетата решила секој да тргне по свој пат.

„Канје не беше присутен на крштевањето на нивните деца во Ерменија, а тој и Ким веќе некое време се во отворена кавга. Таа му забаележува поради тоа што се спротивставува на нејзиниот стил на облекување. Му пречат нејзините тесни и провокативни фустани“, изјави извор за американските медиуми.

фото:профимедиа

Како што тој понатаму објасни, Ким Кардашијан не сака да дозволи на Канје да се меша во нејзиниот „личен простор“, а тој постојано и е „над главата“, а тука се и секојдневните испади и скандали кои ги плнат таблоидите.

„Таа не сака повеќе да ја срамоти. Има изградено кариера зад себе и не сака да дозволи неконтролираниот сопруг да ја уништи“, додаде изворот.

фото:инстаграм/ким кардашијан

Она што и пречи на Ким е и неговото трошење пари. Според изворот, само минатиот месец Канје потрошил милиони долари на снимање на новиот албум и на хуманитарни донации на црквата, што и пречи на Ким.

“Таа се обидува да му објасни дека такво нешто е непотребно и дека ќе банкротира ако продолжи да ги троши своите милиони без договор. Таа надодно „кренала раце“ и кажала дека ќе се разведе, веќе не може да го поднесе тоа”, додаде изворот.

To top