Пред неколку недели се шпекулираше дека Ким Кардашијан и Кање Вест ќе станат родители по четврти пат, а сега познатата старлета ги потврди овие пишувања.
Радосните вести Ким ги сподели во емисијата „Watch What Happens Live with Andy Cohen“ каде што откри дека четвртото дете ќе го добие од сурогат мајка.
Во нивниот дом ќе пристигне момче, а жената која ќе го роди не е иста како онаа која на свет им ја донесе ќерката Чикаго.
Кање и Ким имаат четиригодишна ќерка Норт, тригодишен син Сент и едногодишна ќерка Чикаго која ја роди сурогат мајка.