Бициклистичките хеланки, неонските бои се само дел од последните во низа трендови кои успеала да ги врати во мода, а сега тоа се обидува да го направи и со накитот за заби.
Кардашијан на Инстаграм објавила фотографии од своите усни по повод новата колекција за кармини, но вниманието го привлекоа нејзините заби.
На првата фотографија Ким има златна навлака на едниот заб, додека на другата фотографија има накит преку предните заби, односно нејзиното име е испишано со златни дијаманти.
Накитот за заби некогаш беше многу популарен, но дури и тогаш не беше по сечиј вкус, па на Ким ќе ѝ биде малку тешко овој тренд да го врати во мода.
Но, со оглед на нејзиното големо влијание на трендовите во изминатите десет години, не би нè изненадило сите да почнат да го носат нејзиното име на забите.