Радио Милева ново искуство

Ким Кардашијан е возбудена за новиот ангажман: „Одам на часови по глума“ (фото) 

Ким Кардашијан е возбудена за новиот ангажман: „Одам на часови по глума“ (фото) 

Во 12-тата сезона на „American Horror Story“ ќе глуми и Ким Кардашијан. Иако со години е пред камерите, Ким сепак посериозно се подготвува за оваа улога.

„Почнуваме да ги снимаме моите сцени на крајот на овој месец. Но, продукцијата веќе започна и јас сум многу возбудена“, изјави таа за „Variety“.

“Навистина е забавно да излезете од вашата комфорна зона, да пробате нешто ново и да растете. Возбудена сум поради тоа искуство”, додаде таа.

На прашањето дали зема часови по глума, Ким одговорила:

„Да, секако. Тоа е предизвик и сакам да се предизвикувам себеси“.

Фановите на серијата не беа воодушевени од веста дека Ким Кардашијан ќе глуми во новата сезона, а вакво мислење го дели и актерката Пети Лупоне, која се појави во третата сезона на „American Horror Story“. Таа верува дека Кардашијан презела улога наменета за вистински актер. Сепак, Ким ја има поддршката од креаторот на серијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

„Ким е меѓу најголемите и најпаметните телевизиски ѕвезди во светот и ние сме воодушевени што ја пречекуваме во семејството на American Horror Story. Ема Робертс и јас сме возбудени што работиме со неа“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top