Победничката од првата сезона на реалното шоу „Задруга“, Кристина Кија Коцкар, ги загрижи сите свои следбеници кога се огласи од болница и откри дека е позитивна на коронавирусот.
Имено, како што може да се види на видеото кое се појави на социјалната мрежа ТикТок, Коцкар лежи во кревет со закачена инфузија во раката и додека едвај зборуваше им се обрати на своите фанови и откри што се случува.
– Се чувствував многу лошо цела недела, особено денеска кога станав и тогаш открив дека имам ковид. Добро сум, немам температура, белите дробови ми се добро, се, само лоша настинка во превод, многу лоша настинка – рече Кија, додека подолу имаше коментари во кои многумина и посакаа брзо закрепнување и да се врати на своите обврски што е можно поскоро.
Да потсетиме, инаку, Кија Коцкар неодамна сподели нешто на социјалните мрежи што веднаш предизвика коментари.
– Уште еден круг околу планетата Земја и се мажам, мајка ми – пишува на нејзината „приказна“ на Инстаграм, а многумина се посомневале дека, очигледно, поранешната учесничка во реалното шоу е подготвена за нов брак, додека е не е познато дали моментално има емотивен партнер.
фото:Инстаграм принтскрин