Која Коцкар после се’ што се знае за неа, се уште останува мистична личност. Една од нејаснотиите е и нејзиното необично презиме. Многумина се сомневаа дека тоа не и е вистинското, туку таа отпосле си го додала самата, за да биде повпечетлива и полесно да се памети.
За да ги разреши сите дилеми и недоумици, новокомпонираната пејачка самата проговори за потеклото на своето чудно презиме.

„Кога Турците дошле на Балканот, стигнале и до оние краишта од каде што потекнува мојот татко Милош, односно моите предци, а тоа е Кикинда. Тогаш тие правеле попис на населението и на сите оние кои не сакале да ги кажат своите вистински презимиња и ги криеле, Турците им давале свое, и тоа најчесто според некој порок кој го имале, за да ги посрамотат. Веројатно некој мој чукун дедо бил коцкар, па така моето семејство го добило презимето“ – вели Кија и продолжува:

„Дури некои заради презимето ме пријавуваа на Фејсбук дека мојот профил е лажен, па морав на социјалната мрежа да и праќам принтскрин од личната карта за да ми поверува и да ми го вратат профилот“ – ја завршува својата приказна за презимето Кија Коцкар.