Радио Милева толку вредам...

Кија Коцкар влегува во новата сезона на „Задруга 4“, за неверојатни милион евра!? (ФОТО)

Кија Коцкар влегува во новата сезона на „Задруга 4“,  за неверојатни милион евра!?  (ФОТО)

Пејачката и победничка на првата сезона на  реалното шоу „Задруга“, Керистина Кија Кокар се најде во центарот на вниманието на јавноста по дуетот со фолк пејачот Радиша Трајковиќ – Ѓани. На Кија не и беше проблем да се појави во „Задруговизија како член на жирито, а новинарите веднаш се заинтересираа дали би прифатила и која е сумата за која би влегла одново во новата сезона на реалното шоу – „Задруга 4“, но како редовен учесник.

Кија не криеше дека повторно би  прифатила да биде учесник во шоуто, но само за онолкава сума, колку што има прегледи на Јутјуб нејзиниот последен видеоспот од дуетот со Ѓани, насловен: „Лесно ти е да бидеш верен, кога никој не те гледа“, кој деновиве достигна бројка од милион прегледи. Со други зборови, но за неверојатна сума од еден милион евра!

„Цената останува иста, затоа што само за милион евра влегувам во „Задруга 4“. Но, верувајте ми, вреди да платат, зашто само еден мој коментар го разбранува целото ријалити,  што значи дека вредам. После овој хит, можеби и милион ипол?! Но, сигурно ќе влезам за милион, сега нема да ја подигнам цената, бидејќи короната на сите ни предизвика големи загуби“ – објаснува Кија.

To top