Пејачката Цеца Ражнатовиќ ја изненади јавноста кога се појави на настан држејќи се за рака со поранешниот кошаркар, а сега бизнисмен Богдан Срејовиќ.
Она за што особено пишуваа медиумите е неговата поранешна сопруга и долгогодишна девојка на пејачот Саша Ковачевиќ, но и фактот дека тој е 9 години помлад од Цеца. Сега Кија Коцкар коментираше „што помлад тоа посладок“.
View this post on Instagram
“На момчето на Цеца ништо не му недостасува. Не е важно што е помлад од неа, така што и јас сакам „пилешко“. И кога ќе бидам на возраст од Цеца, ќе барам само помлади момци од мене. Знаете како велат – „помладите се послатки“, рече Кија и додаде дека Цеца не треба да обрнува внимание на негативните коментари.
“Тие се убава двојка и најважно е што се среќни. Она што другите го кажуваат не треба да ги интересира. Се надевам дека нема да обрнат внимание на ваквите глупости”.
Кија откри и дека не го познавала Богдан, но дека многу слушнала за него од нејзините пријатели.
“Тој се дружи со многу мои добри пријатели, скоро сите се дружат заедно. Ако поминат време со него, тогаш тоа значи дека тој е квалитетно момче. Гопознавам моето друштво и знам дека не би се дружеле со било кој ” – завршува Кија.