Кија Коцкар и Јелена Круниќ беа добри пријателки во текот на првата сезона на реалното шоу „Задруга“, но набрзо по излегувањето од ова ријалити, го раскинаа пријателство.
Круниќ потоа јавно ја прозва Кија, а сега и ги откри деталите што никој досега не ги знаеше.
Јелена рече дека раперот Струка со кого Кија била во врска пред да се запознае со Слоба Радановиќ, ја изневерил Коцкар токму со неа.
Круниќ откри дека ова се случило не еднаш, туку двапати: За прв пат на денот на роденденот на Кија, а вторпат на годишнината од нивната врска.
„Струка двапати ја изневери Кија со мене. Еднаш на нејзиниот роденден, а по втор пат на годишнината од нивната врска. Немав поим дека тој е со неа, не ме ни интересираше која му е таа, тоа беше само една секс авантура за мене. Потоа дознав за нив и ги поврзав датумите, кога тој беше со мене“ – и раскажа Јелена Круниќ на Луна.
Фото: Никола Томиќ/Инстаграма принтскрин