Победничката во „Задруга“ и сегашна членка на жирито во шоуто „Пинк ѕвездички –all stars“, Кија Коцкар, доживеала сообраќајна несреќа во такси.
Набрзо Кија се огласи на Инстграм и ги извести своите фанови дека се чувствува добро.
Имено, во српските медиуми се појави информација дека Кристина Кија Коцкар доживеала нестреќа по доделувањето на награди каде присуствуваше заедно со поранешниот партнер, пејачот Слободан Радановиќ.
-Добро сум. Се е во ред! Тоа беше синоќа во такси. Не вечерва. Благодарам на сите кои ми се јавија и ме прашаа како сум, напиша пејачката која за среќа спасила глава.