Кристина Кија Кокар и Слободан Радановиќ го раскинаа бракот, но пејачката е сигурна дека Радановиќ сè уште ја сака, иако покрај себе ја има својата свршеница Јелена Ѓуриџанин.
Кија посочува дека има аргументи заради кои тврди дека Слоба би сакала повторно да биде со неа.
„За Слободан Радановиќ мразам најмногу да зборувам во јавноста. Нашата приказна е раскажана, и не би сакала да зборувам за тоа што го знам.
Па, кога ќе дознаете некои работи што не се познати и ќе ме прашате… тогаш можеби – да! Тој е личност што е далеку во моето минато. Тоа што зборувам за моите чувства, не значи дека сакам да бидам со него. Тој беше психопат кој сакаше да се смири со мене, а не јас со него. И сега тој би дал сè за да бидеме заедно. Никогаш нема да го каже своето мислење јавно. Приказната е комплицирана и тој прави фарса за да ме повреди. Повеќе размислувам за тоа како им е на нејзините деца и на тој сопруг кој го изневери со Слободан. Не ми е гајле за неа. За мене е исто толку неважна колку и светилката на ѕидот. Слоба стана Луна 2!
<Има една работа меѓу мене и Слободан што не е позната, а што се однесува до неговиот живот, има милион работи што ги знам, но не е на мене да говорам, ниту пак ќе кажам некогаш.
Сега кога неговата девојка е разведена, може да се каже дека таа му е девојка. Како и е нејзе со него – не знам, но, имајќи предвид дека тој ме повика милион пати за време на нивната врска… А, тоа што и кажувал на другата страна, не е мој проблем.
Единствено нешто што не можам да го надминам е неговото предавство и тоа ќе ме повредува до крајот на животот. Тој, како човек, беше отпишан од мене многу оддамна, особено во моментот кога сфатив дека не можам ни пријателски да го бакнам, а камоли нешто друго.
И да… Никогаш не забременив со него. Не сум била бремена со ниту едно момче.За мене не би било проблем да го кажам тоа, но верувајте до сега не се случи“ – категорична е Коцкар.