Српската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ужива во љубовната врска со помладиот бизнисмен Богдан Срејовиќ.
Регионалните медиуми речиси секојдневно пишуваат за новоиот естраден пар, а папараците само чекаат да ги уловат заедно.
Победничката на првата сезона на „Задруга“, Кија Коцкар вели дека новото момче на Цеца е вистински фраер и не е ни чудно што успеал да ја освои.

„Ништо не му фали на момчето на Цеца. Нема врска што е помладо од неа. Кога ќе бидам на нејзините години и јас ќе барам помлади момчиња. Знаете како велат, младите секогаш се послатки“, изјави Коцкар.
Инаку, Цеца и нејзиниот сакан моментално уживаат на Копаоник.