Некогашната ријалити победничка во „Задруга“, а сега пејачка Кристина Кија Коцкар беше една од неколкуте гостинки во последното издание на мошне гледаното „Ами Џи“ шоу.
Кија се појави во шоуто на Огњен Амиџиќ во толку провокативна комбинација, која ги откриваше сите нејзини атрибути, како да е гола. Модната комбинација во која дојде пејачката ја разбуди фантазијата кај мажите, а коментарите не престануваа да се редат за време на целата емисија.
Не дека и останатите гостинки не беа провокативно облечени и не мамеа воздишки, но Кија во емисијата како да беше облечена само по долна облека.
Буквално се’ и се гледаше, од црните гаќички од тантела, до градникот, зашто она што го носеше на себе над нив, беше проѕирно како да се променила во… завеса!