Радио Милева

Кич и глупост: Вакви заштитни маски како на српските пејачки никаде нема да видите (фото)

Кич и глупост: Вакви заштитни маски како на српските пејачки никаде нема да видите (фото)

Зорица Брунцлик често знае да изненади со својот физички изглед. Сега, објави дека носи маска покриена со розови цвеќиња! Од овој цветен додаток, едвај можеше да се види нејзиното лице, а во ова издание пејачката позираше на социјалните мрежи и, како што се очекуваше, крена голема прашина.

фото:зорица брунцлик/инстаграм

Ништо поразлична не е ниту пејачката Милица Дабовиќ која носи маска целосно покриена со циркони со различни бои и облици, среде вонредна состојба поради епидемијата на коронавирус.

фото:милица дабовиќ/инстаграм

Колку се корисни овие маски и дали навистина ги штитат е прашање за експертите. Како и да е, едно е сигурно – српските пејачки успеаја да го привлечат вниманието и да се издвојат од толпата и овој пат.

To top