Иако потпишаа документи за развод на бракот пред десеттина дена, сè повеќе се појавуваат шпекулации дека Киа Коцкар и Слоба Радановиќ всушност се на чекор до помирување и дека нема ништо од разводот.
По напуштањето на релното шоу, Слоба изнајмил стан во Нов Белград, а според најновите информации во истиот стан со него живее и Киа.

Еден од српските медиуми ја фотографирал Киа како излегува од станот на Слоба во сосема релаксирано, домашно издание и оди во блиската продавница, а потоа се вратила во станот со полни кеси прехранбени производи.

Соседите тврдат дека брачните другари досега не ги виделе заедно, но и двајцата ги гледаат како во зградата, така и во блиската продавница последниве неколку дена.

Киа пред две вечери во гостувањето на емисијата “Задруга – народот прашува“, рече дека е во станот на Слоба била само еднаш за да си ги земе очилата што и останале кај него, но дека ова бил единствениот пат кога таа го посетила.