Фолк дивата Светлана Цеца Ражантовиќ го кажа своето мислење за реланото шоу „Задруга“.
Иако многу јавни личности кријат дека го следат реалното шоу, таа откри кој е нејзин фаворит.
„ Тоа е забава за широката народна маса. Не знам зошто некои луѓе се кријат дека гледаат. Ако ме прашате кого би издвоила, тоа сигурно е Војк Џанс. Навистина сум воодушевена колку момчето е културно и добро воспитано. Не го познавам, но ме воодушеви изјавата дека неговото семејство не е дел од реланото шоу, па поради тоа не се појавува во медиумите. Мој фаворит е Кристина. Паметна, убава, образована девојка“ изјави Цеца.
Познато е дека Луна беше пријателка со ќерката на Цеца, Анастасија.
„Како дете живееше со нас. Се дружеше со моите деца, ја чував и гледав на неа како на свое дете. Морам да признам дека не ја видов последните пет години. Таа беше другарка на мојата ќерка. Кога живееше кај нас беше мирно и мило дете, изјави пејачката.
Што се однеува со Слоба Радановиќ немаше некое мислење.
„Момчето не го познавам многу добро, но колку што можев да забележам во „Ѕвездите на Пинк“ тоа е фино момче. Талентиран е и верувам дека ќе успее. Поради неговиот талент го поканив да биде мој гостин на концерт пред 80 000 луѓе. А што се однесува до приватниот живот не ме интеренсира, вели Ражнатовиќ.
фото:принтскрин