Радио Милева месечна издршка

Кевин Костнер не попушта: Актерот нема да ја помине оваа бројка, а неговата поранешна сопруга бара шест пати повеќе пари за алиментација (фото)

Кевин Костнер не попушта: Актерот нема да ја помине оваа бројка, а неговата поранешна сопруга бара шест пати повеќе пари за алиментација  (фото)

Кевин Костнер и неговата сопруга Кристин Баумгартнер веќе неколку недели се главна тема на светските медиуми.

Судските власти во САД ѝ наложија на сопругата на Кевин Костнер од која се разведува, Кристин Баумгартнер, да се исели од нивната семејна куќа. Таа треба да се исели од луксузниот дом во Санта Барбара, Калифорнија, до 31 јули, а Судот ја донесе одлуката врз основа на нивниот претходно потпишан предбрачен договор.

Откако Баумгартнер минатиот месец поднесе барање за развод, Костнер поднесе барање за Кристин да се исели од неговиот дом. Тој се повика на предбрачниот договор, според што таа мора да се исели 30 дена по почетокот на бракоразводната постапка.

Нејзините адвокати изјавуваат дека Баумгартнер нема доволно време, ниту пари да најде ново место за живеење до крајот на месецов. Побараа рокот да се помести за 15 август, но Судот ја одби таа жалба.

Поранешната сопруга го обвини Костнер дека се обидел да ги избрка неа и децата од куќата пред да му биде доделена алиментација. Претходно, таа бараше актерот да ѝ плаќа 248.000 долари месечно за издршка.

Костнер сега ја обвинува неговата 19 години помлада сопруга дека барала алиментација која далеку ги надминува потребите на нивните три деца.

Претходно тој веќе спомна дека мисли дека неговата наскоро поранешна сопруга тие дополнителни пари ќе ги искористи за естетски корекции и пластични операции, а нешто слично кажа и сега.

Имено, Кевин Костнер на бившата и нуди 38.000 евра месечно, додека таа бара шест пати повеќе, пишува Курир.рс

Фото: Принтскрин/Профимедиа

To top