Актерката Кетрин Зета Џонс речиси никогаш не споделува фотографии од својот приватен живот, но сега направила исклучок и на Инстаграм објавила фотографија со сопругот Мајкл Даглас, пренесува Курир.рс
Тие позирале во потполноо опуштено издание, а покрај тоа кратко напишала: „Добро утро“.
Фотографијата за кратко време собра повеќе од 120.000 лајкови, а покрај бројните комплименти, имало и негативни коментари.
Имено, со оглед на тоа дека Мајкл е постар 25 години од својата сопруга, некои коментирале дека разликата помеѓу нив и тоа како се гледа, и дека тој е прав старец.
„Изгледате баш среќно“, „Прекрасни“, „Прекрасен пар“, се дел од коментарите.
View this post on Instagram
„Тој изгледа навистина старо“, пишува во коментарите, но други следбеници брзо му одговориле.
„Луѓето стареат, барем оние кои имаат среќа тоа да го доживеат“, „Не се грижи, тоа на сите им се случува“, му напишале.
Инаку, Кетрин и Мајкл неодамна прославија 20-годишнина од бракот во кој добиле две деца.
Да потсетиме, Мајкл во 2010-та година се бореше со рак на грлото, а многумина претпоставуваат дека болеста повторно се вратила. Актерот сè потешко се движи и константно се придржува за Зета.